skip to Main Content

Нимиц: И двете страни размислуваат за иднината, процесот се движи во права насока

Нимиц: И двете страни размислуваат за иднината, процесот се движи во права насока
  • 30.03.2018

Медијаторот во решавањето на спорот помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, вели, и двете страни се позитивни во размислувањата за долготрајно решение и тој е оптимист дека процесот се движи во права насока.

„Состанокот траеше цел ден и беше продуктивен, што прави да сум оптимист за иднината. Паралелно се одвиваше уште еден состанок меѓу дипломати и експерти од двете држави кои работеа на помалку контроверзните аспекти од договорот, со фокус на односот меѓу двете земји во иднина. Средбите ќе продолжат и понатаму. Имаме зацртано пат и без да прецизирам детали, можам да кажам дека работевме на некои од најтешките прашања“, вели Нимиц.

Тој дополнува дека иако има се уште прашања за решавање, препознава одлучност кај министрите Димитров и Коѕијас.

„Мислам дека, со тоа што подолго време сум инволвиран во ова, имаше многу позитивни чувства во просторијата. Двајцата министри се посветени на долготрајниот однос, стабилноста на регионот и важноста од цврст добрососедски однос и мислам дека преговорите се движат во права насока“, вели Нимиц.

Тој упати и благодарност до министерката за надворешни работи на Австрија, Карин Кнеисел за нејзината гостопримливост, што смета дека, високо се цени во Обединетите Нации и министерствата на Македонија и Грција.

Back To Top