skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Надлежности на претседателот на Републиката
Отворена телефонската линија кај Омбудсманот за пријавување повреди на избирачко право
Јонкер: Набљудувачите ќе бидат рамномерно распоредени низ државата
За победа во прв круг потребни над 900 илјади гласови
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Неофицијално: Пиштолот со кој е убиено семејството Поцеста пронајден на бензинска пумпа во Тетово

Неофицијално: Пиштолот со кој е убиено семејството Поцеста пронајден на бензинска пумпа во Тетово
  • 03.09.2018

Постарата ќерка на семејството Поцеста од Дебар е осомничена за грозоморното убиството на нејзините родители и помалата сестра – неофицијално дознаваме од извори во полицијата. 25 годишната девојка се наоѓа на распит во Јавното Обвинителство. Нашите извори брифираат дека осомничената за трикратното убиство го извршила делото со уште тројца помошници. Едниот и обезбедил пиштол, вториот и помогнал да го изврши делото, а третиот бил задолжен да и помогне со превозот. Како што неофицијално дознаваме, пиштолот со кој е извршено убиството е пронајден на бензинска пумпа во Тетово.

Девојката долги години живеела во Италија, пристигнала во родниот Дебар за да го изврши делото, а по убиството веднаш заминала за Италија. Повторно се вратила во земјава откако родинините телефонски и ја соопштиле веста дека се откриени телата на нејзините родители и нејзината сестра.

Неофицијално, членови на семејството Поцеста биле членови на мафијашка група во Италија. Нашите извори брифираат дека мотив за убиството најверојатно е одмазда бидејќи таткото сведочел против членови на групата во која членувала и неговата ќерка. Се очекува МВР и Обвинителството подоцна во денот да излезат со официјални информации. Трагичниот настан се случил на 26 август во три часот по полноќ.

Кристина Атовска

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top