skip to Main Content

Нема уставни пречки за спроведување на референдумот – суверенитетот произлегува од граѓаните!

Нема уставни пречки за спроведување на референдумот – суверенитетот произлегува од граѓаните!
  • 19.09.2018

Со 7 гласови „против“ и 2 „за“, Уставниот суд одлучи дека нема уставни пречки во постапката за разпишување на референдумот за 30 септември.

Претходно, судијата известител Елена Гошева предложи Судот да поведе постапка и да одреди времена мерка за стопирање на референдумот со образложение дека одлуката за распишување содржи бројни правни недостатоци што ја прават противуставна.

Гошева смета дека одлуката е двосмислена, внесува правна несигурност и ги збунува граѓаните, а го оспори и видот на референдумот. Дополнително Гошева рече дека такво прашање всушност треба да поделено на три прашања.

Називот на договорот со Грција не бил напишан во референдумското прашање како што му е вистинскиот назив, реагираше Гошева. Први кои го изнесоа својот став дека не се согласуваат со Гошева се двајцата нови судии во Уставен: Дарко Костадиновски, Осман Кадриу, Влатко Стојановски кои нагласија дека одлуката ги содржи сите потребни елементи и дека барањата се неосновани.

Нагласија дека се работи за прашање од државен интерес.

Прашањето е формулирано на таков начин бидејќи работите за кои се консултираат граѓаните се причинско последични. Османи ги нарече апсурдни барањата за стопирање. Судиите Ајдари, Маркулова и Мурати рекоа дека не гледаат прекршување на уставните одредби. Само судијата Јосифовски реагираше на иста линија со Гошева, а на момент беше видлива неговата нервоза по излагањето на судијата Кадриу.

И претседателот на Судот зема збор. Рече дека не се согласува со предлогот на судијата известител. Суверенитетот произлегува од граѓаните, а токму овој суд треба да ги почитува и штити граѓанските права како референдумот, рече Никола Ивановски.
Кристина Атовска
Back To Top