skip to Main Content

Нема потреба од паника – случаите со бактеријата МРСА не треба да ја вознемират јавноста

Нема потреба од паника – случаите со бактеријата МРСА не треба да ја вознемират јавноста
  • 13.03.2019

Последните случаи на заразени со МРСА не треба да ја вознемират јавноста, вели за 1ТВ директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Децата кај кои е изолирана бактеријата се ставени на терапија кај матичните лекари и специјалисти. Бактеријата е откриена кај втородделенец во училиште во Бутел и кај четири деца во градинка во Чаир. Според Сотирова Бухова, по информациите инспекторатот веднаш излегол на терен и издал мерки по кои треба да постапуваат градинката и училиштето.

– Тоа е бактерија од групата на Стафилококус Ауреус, е резистентна на одредени видови антибиотици, но одговорно тврдам дека и за оваа бактерија постои антибиотик кој делува, рече Иринка Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.

Сотирова Бухова вели дека последниве денови кружи информација дека група родители велат дека кај нивните новороденчиња исто така откриена оваа бактерија, меѓутоа веродостојноста на тие тврдења допрва треба да се истражи.

– Ние од утре ќе ги контролираме сите брисеви кои дошле во ЦЈЗ во периодот кој кружи по медиумите до овој момент одговорно ви тврдам за ваква информација за поголем број новороденчиња од кои е изолирана МРСА до овој момент ниту во ЦЈЗ ниту пак кај нас имаме доставен податок, рече Сотирова Бухова.

Денеска ситуацијата дополнително ја смируваат и од Владата од каде велат дека по откривање на случаите е спроведена дезинфекција, механичко чистење на просториите и сите други неопходни мерки кои ги наложува протоколот при појава на бактеријата. Од владата потенцираат дека нема потреба за затворање на градинката и училиштето.

Антонио Крстевски

Back To Top