skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Немам никаков сомнеж во изречените казни за „27 април“ – Кацарска во „Правда и неправда“

Немам никаков сомнеж во изречените казни за „27 април“ – Кацарска во „Правда и неправда“
  • 19.03.2019

Судијката Добрила Кацарска, која е гостин во емисијата „Правда и неправда“ на Гордана Дувњак, четири дена по пресудите за 27 април, вели дека не само за оваа, туку за секоја пресуда што ја донела е уверена дека била вистинска.

-Немав ниту трошка сомнеж дека обвинетите се виновни токму за тоа дело за кое се обвинуваат. Но бидете сигурни дека нема ништо лесно во тоа да се изрече затворска казна без оглед колкава е висината на казната, вели Кацарска.

Како што додава, секогаш се раководи од доказите во предметот, кои ги анализира темелно и додека не се изведе и последниот доказ, никој не може да знае каква ќе биде пресудата. Вели дека оценката кај дел од јавноста дека казните се драконски се даваат прелесно, без целосна анализа на сите докази.

-При тоа треба да се цени фактот дека најмалата запретена казна е 10 години, изјави Кацарска.

Таа објаснува дека до сега не се соочила со обвинение дека затворила патриоти, а терористи се шетаат по улица, туку напротив, многу луѓе ѝ честитале за одлуката.

-Немав дилема и сѐ уште немам. Од сите изведени докази, а јавноста знае дека се изведоа многу докази, произлезе дека обвинетите го сториле токму тоа кривично дело, вели таа.

За ослободителната пресуда за оперскиот пејач Игор Дурловски, објаснува дека како судија нема како ни зошто да го изедначува со групата амнестирани која ги предводеше протестите на „За заедничка Македонија“. Како што вели, во кариерата донела повеќе озлободителни пресуди, но оваа и била најтешка.

-Ги имаме сите докази, но од нив не произлезе дека обвинетиот го сторил делото за кое беше обвинет. Предметот се однесува само на настаните од 27 април, а не и претходно. За Игор Дурловски маме само доказ дека влегол во Собранието, се наоѓа во пленарната сала, и ја пее химната. Точно е дека се поздравува со дел од присутните, но не остави простор макар за минимален сомнеж дека има контакти и е поврзан со останатите учесници во постапката, вели Кацарска.

Додава дека да имало макар уште некој доказ, немало да биде ослободителна пресуда. Имало сведок, Курто Дудуш, кој го видел како ги упатува другите, но не бил категоричен во исказот, односно рекол „мислам“, што значи дека неговиот исказ не може да се земе како веродостоен, односно никој не може да биде осуден врз основа на сомневање.

Back To Top