skip to Main Content

Неколку лица се приведени во врска со случајот со пронајдениот женски труп

Неколку лица се приведени во врска со случајот со пронајдениот женски труп
  • 07.08.2019

Неколку лица се приведени од МВР во врска со случајот со пронајдениот женски труп во црна вреќа покрај патот кон скопското село Горно Оризари, информираат за Либертас извори од истрагата.

Станува збор за жена која живеела во близина на Горно Оризари.

Женскиот труп во завчера попладне го пронашол Скопјанец додека работел на нива. Телото било во црна вреќа фрлена покрај патот по што веднаш пријавил во полиција, а обвинител нареди обдукција.

Back To Top