skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Незадоволството од СЈО е моментално, не добивме сигнал дека Груевски планира бегство – СЈО во „Правда и неправда“

Незадоволството од СЈО е моментално, не добивме сигнал дека Груевски планира бегство – СЈО во „Правда и неправда“
  • 30.01.2019

Специјалната обвинителка Катица Јанева вели дека во СЈО се свесни за критиките дека одамна не се појавиле во јавност, но дека кога СЈО молчи, значи дека работи на некој случај. За падот на довербата според последното истражување, од 63% на 41%, Јанева вели дека се заборава дека СЈО во изминатите три години во судовите испорача најмногу предмети од финансиски и друг криминал кој го обележал владеењето на претходната власт.

-Редовното обвинителство се уште не излезе со ниеден предмет, освен за насилството во Собранието, за кој можат да истакнат дека водат борба со криминалот. И самите истражувања изминатиот период, од 2015 до сега, па дури и денешната изјава на Транспаренси Интернешнал вели дека препознатлива е само борбата на СЈО против криминалот, изјави Јанева и додава дека не се согласува со перцепцијата на јавноста, туку станува збор за моментална состојба која може да биде поништена секој момент.

Според неа, незадоволството против целиот судски систем поради бегството на екс премиерот Груевски го трпи и СЈО.

-Се надевам дека Владата, посебно Министерствата за правда и за внатрешни, ќе изнајдат сили да го вратат осудениот Никола Груевски да ја издржува казната за којашто е осуден, а и да биде присутен на сите постапки кои се водат против него во судот, рече Јанева.

Таа тврди дека од УЈП не добиле информација дека Груевски ги испразнил сметките.

-Ние бараме да се вратат многу пари во буџетот на РМ, како преку меѓународна правна помош, така и преку предистрагите и истрагите на СЈО, од осомничени или обвинети во Македонија. Тие 120.000 евра не се некоја импозантна бројка која може да го сврти вниманието да помислиме дека можеби ќе побегне кое било лице, а не Никола Груевски.

Судијката Лиле Стефановска додава дека токму сметките што ги поседувал Груевски биле основа СЈО да предложи притвор кога го поднесувале обвинението за предметот Титаник.

-Добивме одговор од Кривичниот совет на Судот, а по жалба и од Апелација, дека тие пари воопшто не може да бидат третирани како опасност од бегство, дека тој заради нив или поради нив може да побегне и затоа да му биде определен притвор, изјави Стефановска.

Back To Top