skip to Main Content

Невреме во Скопје, откорнато дрво смачка автомобил, потоп и во Прилеп

Невреме во Скопје, откорнато дрво смачка автомобил, потоп и во Прилеп
  • 15.06.2018

Нестабилно време со пороeн дожд, грмежи и засилен ветер попладнево го зафати Скопскиот регион.

Циколонот Силвија донесе страшно невреме во Скопската котлина. Како што информираат од УХМР, дошло од Штипскиот и Кумановскиот регион.

Овојпат големо дрво се откорна во Тафталиџе и буквално го смачка автомобилот кој беше во близина. Засега нема информации дали за време на несреќниот момент имало некој во автомобилот.

Обилни врнежи од дожд попладнево го зафатија Прилеп, а има и заглавени автомобили во сообраќајот.

 

 

До крајот на неделата се очекува нестабилно време со повремени врнежи од дожд, проследени со грмежи. Врнежите локално ќе бидат поројни и понекаде се очекува да наврне и поголема количина на воден талог. Од среда нестабилноста ќе се намалува, но и понатаму ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.

Дождот и високиот водостој на Кочанска Река оштетија дел од цевководот на атмосферската канализација во коритото на реката во централното подрачје на Кочани.

Дефектот го оневозможи собирањето на надојдената вода по улиците, поради што постоеше опасност од излевање во околните објекти, пред се во Трговскиот центар.

– Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ брзо интервенираше и постави нови цевки за атмосферска канализација во должина од 40-ина метри, по течението на реката во близина на Центарот за култура. Ова е само еден од поголемите дефекти што настанаа од невремето во општината. Нашите екипи континуирано се на терен и настојуваме соодветно да одговориме на задачите, истакна директорот на „Водовод“, Андреј Киров.

Од „Водовод“ најавија интервенции на уште неколку улици во Кочани каде се појавиле слични проблеми, а за што добиле и повици од граѓаните.

Back To Top