skip to Main Content

Невладини организации бараат повлекување на предлог измените на Законот за јавни претпријатија

Невладини организации бараат повлекување на предлог измените на Законот за јавни претпријатија
  • 27.12.2018

Предложените измени на Законот за јавни претпријатија, со кои се воведува нова функција – замeник директор, е потребно да бидат поткрепени со сеопфатна анализа која навистина ќе ја докаже потребата од ваква функција, а Предлогот кој е на дневен ред во Собранието не содржи соодветна анализа,  се наведува во пишаната реакција на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ (ИДСЦС), Центарот за управување со промени (ЦУП) и Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), за иницијативата на група пратеници за измена на Законот за јавни претпријатија, и се бараа повлекување на предлог измената на Законот.

Според трите невладини организации, постои системски недостиг на транспарентност при изборот на директори што дополнително ги зајакнува ризиците од политички клиентелизам, и оценуваат дека иницијативата во целост се коси со заложбите за реорганизација и рационализација на големината на јавниот сектор, која ја најавува Владата.

-Финансиските имплликации за воведување на вакви позиции може да се претпостави дека би изнесувале околу два милиона евра годишно на товар на граѓаните на РМ, ако се земе во предвид дека во државата постојат 129 јавни претпријатија. Од податоците кои се јавно достапни, во 22 од овие 129 јавни претпријатија има помалку од 10 вработени. Ако се земе во предвид дека сите овие јавни претпријатија покрај директор има и управен и надзорен одбор, тоа значи дека поголем е бројот на избрани и именувани лица, од бројот на вработени кои се носители на дејноста. И сега наместо да се направи рационализација, односно да се намалат бројот на функции, се воведува нова дополнителна функција. Сите овие податоци наведуваат на заклучок дека предлогот за воведување на дополнителна функција во јавните претпријатија е нерационален, наведуваат трите невладини организации.

Потребно е, сметаат, да се пристапи кон квалитативно и системско решавање на проблемите со јавните претпријатија, и ги повикуваат политичките партии и пратениците да посветат поголемо внимание на анализи и креирање на политики и закони врз база на докази, како и да престанат да ја користат скратената постапка за да избегнат инклузивен процес при носењето на законите.

Back To Top