skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
Двајцата претседателски кандидати очекуваат победа во вториот круг
Евакуирана Операта во Сиднеј поради истекување на гас
Ден на национална жалост во Шри Ланка
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Невладините организации бараат политичка одговорност за бегството на Груевски

Невладините организации бараат политичка одговорност за бегството на Груевски
  • 18.01.2019

Девет Невладини организации, денеска преку соопштение повикаа на политичка одговорност за бегството на Никола Груевски.

Тие потсетија дека побарале истрагите итно да завршат и дека Основното јавно обвинителство најавило дека предистражната постапка ќе заврши во рок од две недели и дека јавноста ќе биде информирана, што не се случило.

НВО сметаат дека е неопходно да се преземе политичка одговорност односно да следуваат оставки од министерот за внатрешни работи, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање и директорот на Агенцијата за разузнавање.

– Понесувањето политичка одговорност за случајот со бегството на Груевски е единствениот начин власта да покаже дека има сериозна намера да се бори против културата на неказнивост, која – да не заборавиме – беше главна карактеристика на поранешната власт особено кога стануваше збор за највисоките функционери, се наведува во соопштението на невладините организации.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top