skip to Main Content

На „Богородица“ уапсен Албанец баран од Интерпол

На „Богородица“ уапсен Албанец баран од Интерпол
  • 18.07.2019

Синоќа на ГП „Богородица“ бил приведен 37-годишен Албанец, по кој била распишана меѓународна потрага од Интерпол, соопштија од МВР.

„МВР денеска соопшти дека синоќа во 18.50 часот на граничниот премин „Богородица“, полициски службеници го привеле Т.Г.(37) од Република Албанија бидејќи се наоѓа на листата со мерка „Апси“, по меѓународна потрага од Интерпол. Тој бил предаден во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка“, додаваат од МВР.

Back To Top