Мисата ќе започне во 11 часот и 30 минути и ќе може да ја следат 15.000 луѓе кои ќе резервираат карти, а во втората зона ќе може да се сместат оние кои не успеале да резервираат карти. Се очекува на мисата да дојдат и многу верници од регионот, а во тек е акредитирањето и на странски државјани кои сакаат да присуствуваат на мисата. Папата Франциск ќе ги посети и меморијалниот центар мајка Тереза и Католичката црква во Скопје, а ќе се сретне со скопскиот бискуп.