skip to Main Content

Најден скелетот на исчезнатиот Пинета Секондо, МВР гони две лица за убиство

Најден скелетот на исчезнатиот Пинета Секондо, МВР гони две лица за убиство
  • 31.05.2019

Исчезнатиот Пинета Секондо кого неговата мајка го бараше преку медиумите и преку институциите е убиен. Неговиот скелет е најден по дојава од граѓанин, во атарот на село Љуботен, покриен со камења. МВР соопшти дека се поднесени кривични пријави против две лица од Скопје за убиство, од кои едно женско лице е лишено од слобода, а по другото е распишана потерница. Пинета Секондо беше пријавен за исчезнат на 11.12.2018 од страна на неговата мајка.

-На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM. Имено, се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11.12.2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во ПС при СВР Скопје. На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења. По преземени оперативно тактички мерки дојдено е до сознание дека извршители се горенаведените лица, по што добиена е Наредба за претрес во дом и други простории од Основно јавно обвинителство Скопје и извршен е претрес во домовите на пријавените како и на уште две лица, роднини на првопријавениот. Во домот на првопријавениот пронајдени се СИМ картици, лични документи, мобилен телефон, УСБ, мемориска картица, една фантомка и возило Опел Аскона. По Ф.А. распишан е централен распис. На 30.05.2019 година второпријавената А.Ѓ. е лишена од слобода во просториите на СВР Скопје, соопшти МВР.

Back To Top