skip to Main Content

Наставничка ја нападнала директорката во основното училиште во Зелениково

Наставничка ја нападнала директорката во основното училиште во Зелениково
  • 13.06.2018

Наставничка во основното училиште во Зелениково вчера физички ја нападнала директорката на училиштето по претходна вербална расправа.

Полицијата информира дека на инцидентот што се случил претпладнето во училиштето „Мaрко Цепенков“ му претходела расправија меѓу двете колешки.

Додека се расправале во ходникот пред канцеларијата на директорката, наставничката ја удрила директорката, а случајот веднаш бил пријавен во полиција.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back To Top