skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Наредена истрага против две лица за злоупотреба на службена положба и овластување

Наредена истрага против две лица за злоупотреба на службена положба и овластување
  • 15.10.2018

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривична пријава, донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, поради основано сомнение дека сториле по едно кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување предвидено и казниво по член 353 ст.5 во врска со ст.4 во врска со ст. 1 од Кривичниот законик.

Имено, во текот 2016 година првоосомничениот како функционер кој раководи со орган на државна управа за потребите на Владата на Република Македонија, одобрил образец – предлог барање за склучување на авторски договор за изработка на правно мислење за работи од областа на енергетски суровини. Според склучениот договор авторот бил обврзан во период од еден месец да изработи авторско дело – интелектуален труд и извештај за севкупната работа и да го достави до нарачателот – Влада на Република Македонија.

Осомничените иако знаеле и биле свесни дека рокот согласно договорот не е испочитуван, ја злоупотребиле својата службена положба со намера на авторот да му овозможат противправна имотна корист. За таа цел, второосомничениот во својство на службено лице – заменик министер потпишал лажна изјава дека договореното дело е завршено согласно бараните услови, а првоосомничениот со свој потпис ја одобрил исплатата на 1.352.400 денари со што нанеле штета на Буџетот на Република Македонија.

Back To Top