skip to Main Content

Над 600 илјади садници багрем на автопатот Миладиновци-Штип

Над 600 илјади садници багрем на автопатот Миладиновци-Штип
  • 06.07.2019

Автопатот Миладиновци-Штип денеска свечено беше пуштен во употреба. Автопатот беше пуштен за сообраќај на 5 јуни и тогаш од Министерството за транспорт и врски рекоа дека свечено отворање нема да има.

На свеченото отворање денеска премиерот Зоран Заев кажа дека на косините долж автопатот ќе се засадат 600 илјади садници багрем.

-Овој автопат останува во посед на идните генерации. Патот ќе се плаќа од граѓаните на Северна Македонија. 10 отсто како учество на Јавното претпријатие за државни патишта, а 90 отсто сите ние даночните плаќачи ќе го враќаме кредитот кој што е поволен за вакви инфраструктурни проекти. Овој модерен автопат е лице на новата, модерна Северна Македонија, рече премиерот Зоран Заев.

Изградбата на автопатот во должина од 47 километри, чини 177 милиони евра. Има четири ленти, плус две ленти за застанување, а проектираната брзина изнесува 130 километри на час. По неговата должина има и четири клучки. Делницата почнува после клучката Миладиновци и се спојува на коридорите 8 и 10. Последната клучка е Три Чешми, каде што ќе има спојување со новиот експресен пат Штип-Кочани, кој е во изградба.

Автопатот почна да се гради во февруари 2014 година и оригинално требаше да биде готов до март 2017.

Back To Top