skip to Main Content

Навивачките групи се идентификуваат со партиски подмладоци, партии профитираат на пресови

Навивачките групи се идентификуваат со партиски подмладоци, партии профитираат на пресови
  • 10.07.2018

Јавноста не треба да го поврзува веднаш со спортот убиството на младиот Никола Саздовски само затоа што бил припадник на навивачка група, смета универзитетскиот професор Иван Анастасовски. Со него се согласува и професорот Лазар Нанев, кој вели дека треба да се дефинира дали мотивот е омраза и нетолеранција и според тоа да се квалификува делото.

-Состојбите во државава се до таму што секој момент се користи за подгревање на национализмите кои потоа ќе продуцираат одредена општествена криза од која некој пак ќе профитира. Дали се тоа политички групации или личности, тие ќе сакаат да го искористат тоа во својот контекст. Нелогично е за ваков грозоморен чин политички партии да држат прес конверенции, вели Анастасовски.

Имаме убиство кое треба да се расветлува, институционално, во постапка, за да дознаеме точно што се случило, дали мотивот биле омраза, предрасуди и нетолерантноат, наместо на социјалните мрежи да се подгреваат национализми и некој да си прави маркетинг, се согласија соговорниците.

-Во Македонија, за жал, одредени навивачки групи се идентификуваат со подмладоците на политичките партии. Тоа е клучниот проблем во Македонија. Тие добиваат и одредена финансиска, но и институционална заштита. Колку правни случаи имаме реализирано од аспект на насилство на спортски натпревари? Се бројат на прсти, вели Нанев.

Како што објаснуваат двајцата гости во Студио 1, во Македонија постои Закон за недолично однесување на спортските терени и тој може да се однесува на два часа пред и по, како и за време на натпреварот. Тие предупредуваат дека во поранешна Југославија токму припадници на навивачките групи беа иницијалната каписла за растурањето на државата. Со инфилтрирање на луѓе со криминални досиеја кои немаат врска со навивањето се поттикнувале негативни општествени состојби кои се рефлектирале на самите навивачки групи и оттаму епитетот, а не треба да биде така.

Back To Top