skip to Main Content

Мукоски: Денеска се чувствувам како слободен човек

Мукоски: Денеска се чувствувам како слободен човек
  • 28.12.2018

ратеникот Крсто Мукоски, кој со одлука на Кривичниот суд вчера беше амнестиран од обвинението за настаните од 27 април, денеска вели дека се чувствува како слободен човек.

-Се чувствувам денеска како слободен човек и немам ништо повеќе да додам. Не ги следам реакциите кај јавноста, затоа што по цели денови сум во Собрание, изјави тој за „Фокус“, во врска со негодувањето кај дел од јавноста дека со ова правдата нема да биде задоволена.

Мукоски беше обвинет за отворање на вратите во Собранието, поради што и беше овозможено на толпата да влезе внатре. Тој повеќе нема да биде гонет за неговото учество во настаните од упадот на Собранието бидејќи согласно Законот за амнестија, Кривичниот совет на Основниот суд вчера донесе одлука со која се амнестираа 12 обвинети во овој предмет.

Меѓу амнестираните се и останатите петмина пратеници против кои беше поднесено обвинение: Сашо Василевски, Љупчо Димовски, Љубен Арнаудов и Јохан Тарчуловски.

Back To Top