skip to Main Content

МТСП и Заводот за статистика ќе развиваат Национален индекс за родова еднаквост

МТСП и Заводот за статистика ќе развиваат Национален индекс за родова еднаквост
  • 16.04.2018

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Државниот завод за статистика на Република Македонија и Европскиот институт за родова еднаквост од Вилнус, Литванија, пристапија кон развивање на Национален индекс за родова еднаквост.

По тој повод, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска одржа работна средба со Виргинија Лангбак, директорка на Европскиот Институт за родова еднаквост.

Индексот за родова еднаквост претставува единствен сложен индикатор што ја одразува многустраната реалност на родовата еднаквост. Со пресметка на Индексот на родовата еднаквост за Република Македонија ќе се добие клучен индикатор за мерење на родовата еднаквост. Исто така, со овој индикатор ќе се прават споредби со ЕУ и со нејзините земји членки по однос на родовата еднаквост, имајќи предвид дека европските лидери го насочуваат фокусот кон оваа проблематика и преземаат мерки, воведувајќи нови законски одредби за да ја намалат нееднаквоста.

За таа цел, Европскиот институт за родова еднаквост остварува консултации за понатамошна соработка во развивањето и унапредувањето на родовиот Индекс.

Покрај средбата со министерката Царовска, Лангбак ќе оствари средби и со други поддржувачи на родовата еднаквост во Република Македонија, меѓу кои се членовите на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите и Клубот на жени парламентарки.

Back To Top