skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

МРБалкан ќе ги собере регионалните научници по петти пат

МРБалкан ќе ги собере регионалните научници по петти пат
  • 12.09.2019

Македонскиот невронаучник Никола Стиков, во соработка со своите колеги Богдан Драгански, Јадранка Стојановска и Томи Бошковски, по петти пат го организира регионалниот научен собир МРБалкан.орг, кој ќе се одржи во Софија од 12 до 14 септември.

По успехот на првите четири конференции – првите две во земјава (2008 и 2011), третата во Турција (2014) и четвртата во Словенија (2017) – и на годинашниот собир ќе се разгледуваат различни аспекти на снимањето со магнетната резонанција, од основите па сè до најновите откритија во областа.

Дваесетина светски познати научници ќе ги претстават своите истражувања пред публика од радиолози, невролози, кардиолози, хирурзи, биомедицински инженери и физичари од Бугарија и Северна Македонија. Меѓу говорниците се Дејвид ван Есен од Медицинскиот универзитет Вашингтон во Сент Луис, САД, како и Стив Смит и Карла Милер од Универзитетот Оксфорд, Велика Британија.

Стиков раководи со Истражувачката лабораторија за невроснимање при Политехничкиот факултет на Универзитетот во Монтреал. Веќе десет години ја развива регионалната мрежа за соработка меѓу професионалците што се занимаваат со магнетна резонанција низ Балканот.

Back To Top