skip to Main Content

Моќниот КРИСТИЈАН во Македонија ги зголеми нивоата на реките – доаѓа ново НЕВРЕМЕ, поројни врнежи, ветер и услови за град

Моќниот КРИСТИЈАН во Македонија ги зголеми нивоата на реките – доаѓа ново НЕВРЕМЕ, поројни врнежи, ветер и услови за град
  • 09.04.2019

Во изминатите 24 часа во најголемиот дел од државава моќниот КРИСТИЈАН услови значително количество на воден талог и тоа во Маврово наврнаа 37 л/м2, Крива Паланка 30 литри, во Прилеп 24 литри и во Скопје 20 л/м2 воден талог.

Врнежите кој ги условува моќниот КРИСТИЈАН веќе ги зголеми нивоата на реките во државава а таквата тенденција ќе продолжи и понатаму со оглед дека и понатаму очекуваме нови поинтензивни врнежи.

Врнежите во најголем дел ќе продолжат до крајот на денов додека утре во пладневните и во попладневните часови се очекува развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер како и услови за ретка појава на град. Во четврток ќе имаме постабилна атмосфера иако локално ќе има услови за краткотраен дожд и сосема ретки грмежи за веќе во петок во текот на денот а особено во вечерните часови кон сабота повторно врнежите да се интензивираат и прошират насекаде и на повеќе места ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и се очекува да наврнат нови над 30 л/м2 воден талог со што ќе дојде до понатамошно зголемување на нивоата на реките и на езерата, има услови и за локални поплавувања.

Се очекува и локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дождм, грмежи и засилен ветер. Локално процесите има услови да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град.

Врнежите ќе продолжат и за време на викендот а температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на опаѓање.

Подготви: Славчо Попоски

Back To Top