skip to Main Content

МОСТ: Гласањето се одвива во мирна атмосфера

МОСТ: Гласањето се одвива во мирна атмосфера
  • 30.09.2018

Податоците добиени од програмата за паралелно сумирање на гласовите кое претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 10.00 часот е 5,2% со маргина на грешка од плус минус 0,2%, инфотимраа од граѓанската асоцијација МОСТ.

Набљудувачите на МОСТ забележале уште еден графит со навредлива содржина но од граѓанската асоцијација не потенцираа дали е сега или од претходно испишан графитот.

-На влезот во објектот во кој е сместено гласачкото место 2117 во с Јагуновце има напишано графит со навредлива содржина. Била повикана полиција и бил направен записник, изјави првиот човек на МОСТ, Драган Алексов.

За инцидентот пред училиштето Лазо Ангеловски коешто се наоѓа во општината Аеродром, од МОСТ изјавија дека во тој момент нивни набљудувач не го забележал инцидентот. Но, велат сега е мирно, гласањето се одвива регуларно и немало влијание, изјави Алексов.

Игор Стефановски

Back To Top