skip to Main Content

Момче се удави во Охридското езеро

Момче се удави во Охридското езеро
  • 31.07.2018

По триесет минутна потрага од водите на Охридското езеро попладнево е извлечено безживотно машко тело. Како што дознава 1Тв, момчето скокнало од педалинка и повеќе не излегло од водата. Несреќата се случила во близина на Хотелот „Магнус“. И покрај обидите за реанимација, спасувачките екипи и полицијата не успеале да го спасат момчето.

Се уште се работи на идентификација на телото.

Back To Top