skip to Main Content

Мобилниот телефон на возачот на „Дурмо Турс“ предаден во Обвинителството

Мобилниот телефон на возачот на „Дурмо Турс“ предаден во Обвинителството
  • 15.02.2019

Обвинителството денеска го доби на вештачење мобилниот телефон на возачот на автобусот на „Дурмо Турс“ Мане Трифуновски, кој е пуштен на домашно лекување. Се испитуваат листинзите, кога последен пат разговарал по телефонот и дали користел интернет во работното време, велат од обвинителството.

Првичните информации од досегашната истрага се од тахографот вграден во автобусот, дека пред да излета од автопатот возел со брзина меѓу 80 и 85 километри на час. Машински инженери ќе проверат дали уредот за мерење брзина била исправен пред да се случи несреќата.

Трифуновски беше на разговор во полицијата, а анализите од крв и урина покажаа нема присуство на алкохол и дрога.

Преку распит на преживеаните патници ќе се испитува дали разговарал со некого во автобусот или нешто друго му го одвлекло вниманието.

Back To Top