skip to Main Content

МНР потврди дека двајца македонски граѓани загинале во сообраќајката во Србија

МНР потврди дека двајца македонски граѓани загинале во сообраќајката во Србија
  • 09.10.2018

Македонското министерство за надворешни работи потврди за 1ТВ по телефон дека од полицијата во Јагодине имаат информација дека за жал, двајца македонски граѓани загинале во сообраќајната несреќа.

Верижниот судир се случи денеска на автопатот Белград – Ниш, на потегот меѓу градовите Ќуприја и Јагодина, објави српски „Блиц“.

Во сообраќајната несреќа, според информациите со кои располага српското МВР, се повредени се 27 лица кои се пренесени во болниците во Јагодина и Ќуприја.

Во сообраќајката учествувале 34 возила. Причина за несреќата е густата магла.

Back To Top