МНР ги достави вербалните ноти до ОН за промената на името

Министерството за надворешни работи ги достави вербалните ноти до Обединетите нации со кои информира за настанатите промени со името на земјава.
-Република Северна Македонија согласно обврските од Конечната спогодба ги достави трите вербални ноти: Вербална нота од Постојаната мисија до Протоколот на ОН, Вербална нота од Постојаната мисија до земјите членки и земјите набљудувачи на ОН и Вербална нота од Министерството за надворешни работи до сите меѓународни, мултилатерални и регионални организации, со кои се информира за настанатите промени, информира Министереството за надворешни работи.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.