skip to Main Content

Млекара Здравје и понатаму останува една од водечките компании во Македонија

Млекара Здравје и понатаму останува една од водечките компании во Македонија
  • 23.11.2018

Поттикнати од информациите во некои од медиумите во врска со работењето на нашата компанија, би сакале да ја информираме јавноста, нашите верни потрошувачи и соработници, дека Млекара Здравје останува еден од лидерите во млечната индустрија на домашниот пазар, со сериозни активности насочени кон пласман на асортиманот и на меѓународниот пазар. Работењето на компанијата е беспрекорно, завршени се инвестициите во новата фабрика во Битола со што е унапреден и производствениот процес, а со тоа и квалитетот на самите производи.

Компанијата има амбициозни планови за во иднина, а императив и понатаму ќе остане понудата на квалитетни млечни производи на пазарот. Децениската традиција и искуство заедно со професионалниот тим на Млекара Здравје, е добитна формула која и понатаму ќе носи значајни признанија за брендот, кој веќе има добиено исклучително важни сертификати од надлежните домашни и меѓународни институции. Довербата од потрошувачите и понатаму ќе остане финална и најважна потврда за успехот на работењето на Млекара Здравје. Сакаме да изразиме голема благодарност на поддршката која секојдневно ја добиваме од нашите верни потрошувачи и соработници. Сигурни сме дека овие предизвици компанијата ќе ги надмине на достојно ниво и во брзо време.

Back To Top