skip to Main Content

Младеновски: По упадот во Парламентот, Бошковски донесе оружје со возило на УБК

Младеновски: По упадот во Парламентот, Бошковски донесе оружје со возило на УБК
  • 03.12.2018

Откако на денешното рочиште за случајот „27април” се случи пресврт, односно обвинетиот Стефан Младеновски истакна дека зад упадот во Собранието стојат високи функционери во УБК, на чело со тогашниот директор Владимир Атанасовски, но и на Александар Василевски Нинџа, неговата верзија ја потврди и неговиот брат, Михаил Младеновски, исто така обвинет, јавува фокус.

Тој раскажа дека фантомките кои им биле делени на луѓето ги платил Нинџа, а за тоа било побарано и сметко потврда за да се повратат парите.

Исто како и неговиот брат, Михаил откри шокантна информација, односно дека по упадот во Собранието, кај Жена парк пристигнал Никола Бошковски со службено возило на УБК во кое имало оружје.

-Ми покажа дека има оружје, за кое ми рече дека треба да се подели на луѓе кои имаат искуство со оружје, претежно на поранешни припадници на лавовите. Потребата се гледаше од информацијата дека се упатиле вооружени Албанци. Сепак оружјето не се подели бидејќи стигна информација од Синиша Алексовски, советник на претседателот Ѓорги Иванов, дека претседателот ќе прогласи воена состојба, и дека војници веќе се распоредени, рече Младеновски.

Back To Top