skip to Main Content

Мијалков пред судот се изјасни како бизнисмен со две адреси на живеење

Мијалков пред судот се изјасни како бизнисмен со две адреси на живеење
  • 24.04.2018

На денешното прво рочиште за случајот „Титаник 2“ поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, рече дека има свој бизнис. На прашањето на судијата Огнен Ставрев што работи обвинетиот Мијалков, овој одговори: „Имам свој сопствен бизнис“.

Во врска со адресата на живеење што стои во обвинението, а на која, како што рече судијата Ставрев, не можеле да му достават покана, Мијалков на судот му даде уште една адреса на која судот може да го најде.

Од друг случај на СЈО, пак јавноста дозна и за неговата материјална сотојба. СЈО пред неколку месеци на својата интернет-страница ги објави обвинителни акти за случаите што ги отвори, па во обвинителниот акт за случајот „Тортура“

Во предметот „Титаник 2“, освен Мијалков, обвинети се и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, како и поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски.

Сите обвинети во „Титаник 2“, освен Сашо Мијалков, кривично ќе одговараат за злоупотреба на службената положба и овластување, а ексдиректорот на УБК ќе одговара за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание”.

Back To Top