skip to Main Content

Мијалков немал што да го праша Верушевски за „бомбите“

Мијалков немал што да го праша Верушевски за „бомбите“
  • 10.10.2019

На денешното рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“ одбраната требаше вкрстено да го испрашува сведокот Зоран Верушевски, но тие се откажаа од ваквото право, јавува фокус.

-Немаме прашања, му се обрати обвинетиот Сашо Мијалков на судот.

Обвинителката Ленче Ристеска претходно побара од судот да постави дополнителни прашања на сведокот Верушевски, но судот го одби ваквото барање. Откако одбраната се откажа од своето право да испрашува, обвинителката Ристеска повторно побара да го испрашуваат сведокот, на што одбраната се спротистави, но судот го прифати барањето.

 

Back To Top