skip to Main Content

Мијалков и Тачи седнуваат на обвинителна клупа за „Титаник 2“

Мијалков и Тачи седнуваат на обвинителна клупа за „Титаник 2“
  • 24.04.2018

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи и екс директорот на УБК Сашо Мијалков и поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Бедредин Ибрахими, Анета Стефановска и Влатко Сајковски денеска ќе седнат на обвинителна клупа за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство.

Судиите од управниот суд Билјана Никодиновска-Петровска, Лидија Ивановска, Благородна Рангелова, Анета Џигерова и Газмент Фејзула нема кривично да бидат гонети, иако по барање на судијката Верка Петковска, Судскиот совет им го симна имунитетот, а Апелациониот суд ја одби жалбата на СЈО за обвинението со кое тие беа опфатени. Предметот ќе го суди судијата Огнен Ставрев, кој ги суди случаите „ТНТ“ и „Монструм“.

Сите обвинети во „Титаник 2“, освен Сашо Мијалков, кривично ќе одговараат за злоупотреба на службената положба и овластување, а ексдиректорот на УБК ќе одговара за кривичното дело „примање награда за протизаконито влијание“. Ова е четврто обвинение за Мијалков по „Трезор“, „Таргет-Тврдина“ и „Тортура“.  Од објавените бомби, може да се слушне како Сашо Мијалков и Мендух Тачи се договараат за гласање за поднесените приговори до Државната изборна комисија. Апелациониот суд прифати две бомби да бидат дел од доказите во овој предмет.

Back To Top