skip to Main Content

Мицкоски ќе го ревидира Договорот од Преспа и „правилно ќе го чита“ Договорот со Бугарија

Мицкоски ќе го ревидира Договорот од Преспа и „правилно ќе го чита“ Договорот со Бугарија
  • 10.06.2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека кога тој ќе дојде на власт ќе го ревидира Договорот од Преспа, односно ќе го репреговара со грчката страна.

Што се однесува до Договорот со Бугарија, Мицкоски вели дека 90 отсто од неговата содржина ја договорила власта на ВМРО-ДПМНЕ, но дека сегашната власт не го чита на правилен начин. Доколку се чита на, како што вели Мицкоски, правилен начин, тогаш тој Договор можел да донесе многу бенефиции.
Back To Top