skip to Main Content

Мицкоски: Силјановска е идниот претседател, по поразот очекувам СДСМ да распише предвремени парламентарни избори

Мицкоски: Силјановска е идниот претседател, по поразот очекувам СДСМ да распише предвремени парламентарни избори
  • 27.02.2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во емисијата „Печат на неделата“ негираше дека има контакт со Никола Груевски, но и дека нема никаква поврзаност со неговото бегство.

Во однос на процесот „Жан Моне“, тој истакна дека не го напуштаат, туку дека моментално го замрзнуваат.

„Не го напуштаме процесот и тоа јасно го кажавме. Времено го замрзнуваме, бидејќи во овој момент кога во Собранието има момжност да се одземе имунитет и се апсат поранешни министри без да се понуди елементарен доказ, во услови кога имаме терор врз ВМРО-ДПМНЕ, а целта е токму пратенички групи да седнат на иста маса за ситуацијата во државата, логично е дека во моментот нема амбиент за продуктивна дискусија“.

Која е стратегијата со Силјановска Давкова?

„Гордана Силјановска Давкова е идниот претседател на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржа и тоа го направи на конвенцијата.. Таа имаше јасни и прецизини ставови за круцијални прашања. Очекувам поддршка од сите граѓани кои сакаат да застанат рамо до рамо со нас“.

Во однос на консензуалниот кандидат на СДСМ и ДУИ, Мицкоски смета дека стратегија за да се намали нивниот пораз на престојните претседателски избори.

„Јас сум убеден дека тој е најмалку консензуален, туку заеднички кандидат поддржан од овие две партии за да го намали поразот на претседателските избори и кратко да ја продолжи политичката кариера на овие политичари. Јас сум сигурен ако излезат со посебен кандидат ќе изгубат од Силјановска. Јас имам четири годишен мандат кој се добива или одзема на когрес доколку членството одлучи да не ми јада довербата има процедура која треба да биде запазена за да се поднесе дговорност. Апсолутно јас не размислувам за резултат кој ќе биде послаб, напротив победник е нашиот кандидат“, рече Мицкоски и додаде дека по поразот очекува СДСМ да распишат предвремени парламентарни избори.

Back To Top