skip to Main Content

Мицкоски се сретнал со Иванов пред средбата со Заев

Мицкоски се сретнал со Иванов пред средбата со Заев
  • 13.06.2018

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски по кусата средба со премиерот Зоран Заев најави дека договорот со Грција ќе го разгледаат сите партиски тела во ВМРО ДПМНЕ – Извршниот комитет, Централниот, пратеничката група, а ќе се консултирал и со  МПЦ,Исламската верска заедница и со МАНУ и додаде дека „не знае  дали ќе го задржи истото име“.

Мицкоски потврди дека пред средбата со премиерот Заев се сретнал со претседателот на државата Иванов.

-На Претседателот му ги повторивме позициите на ВМРО ДПМНЕ и тој ни најави дека ќе има свое обраќање“ рече Мицкоски.

Мицкоски не кажа колку време траеле средбата со Иванов, кој утринава одлучи да го напушти состанокот за премиерот Заев и шефот на дипломатијата Димитров.

Тој најави дека ќе својот став за Договорот со Грција ќе го соопшти во 17 часот.

Back To Top