skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Мицкоски: Се потврдија сомневањата за директна спрега меѓу владеачката партија и „Рускоска обвинителството“

Мицкоски: Се потврдија сомневањата за директна спрега меѓу владеачката партија и „Рускоска обвинителството“
  • 19.07.2019

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва во Битола изјави дека премиерот Зоран Заев пропуштил да одржи државнички прес со државничко обраќање.

Според Мицкоски, кај ВМРО ДПМНЕ се потврдуваат сомневањата дека постои директна спрега меѓу владејачката партија и како што рече „Рускоска Обвинителството“.

-Ние во минатото зборувавме дека имаме исклучително корумпирано јавно обвинителство кое што е под палката на Катица Јанева и времето покажа дека нашите тврдења биле точни. Денес премиерот ги потврди нашите тврдења дека постои директна спрега меѓу владејачката партија и „Русковска обвинителството“. За жал денес премиерот пропушти да одржи државнички прес, со државничко обраќање до сите граѓани и заеднички да направиме чекор напред, изјави Мицкоски од Битола.

Back To Top