skip to Main Content

Мицкоски поднесе барање да се обрати во Собранието, се чека одговор од Џафери

Мицкоски поднесе барање да се обрати во Собранието, се чека одговор од Џафери
  • 16.10.2018

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски поднесе писмено барање за да му се дозволи да се обрати во парламентот.

Иако до сега не се случило лидер на партија, кој не е пратеник да зборува во законодавниот дом, сепак писменото барање е доставено до собраниските служби и се очекува одговор од Талат Џафери.

„Почитувани, со оглед на фактот што во овие моменти во законодавниот дом се расправа за потребата од уставни измени кои имаат суштинско влијание, политичката криза во која влегува нашата земја како и значајноста која овој период ја има за иднината на Република Македонија, како и со оглед на сензитивниот момент, вниманието и контраверзите што ја предизвика оваа дебата во јавноста, ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија која е во опозиција, и чиј што претседател, Христијан Мицкоски не е пратеник, а со тоа е оневозможен пред народните преставници да ги изрази своите погледи и ставови кон ова чуствително прашање, испраќаме барање да се овозможи негово обраќање на тековната пленарна седница по однос на предложените уставни измени. Ова право го овозможува Деловникот за работа на Собранието, каде согласно член 72, став 2 од Деловникот овозможува претседателот на Собранието да ‘може да покани на седницата на Собранието да присуствуваат и во работата да учествуваат претставници и на други органи и организации’“, стои во барањето од ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме во Собранието продолжува расправата по Предлогот за пристапување кон уставните измени.

Back To Top