skip to Main Content

Мицкоски побарал амнестија за Груевски, Камчев и Мијалков?

Мицкоски побарал амнестија за Груевски, Камчев и Мијалков?
  • 11.09.2019

Лидерската средба на којашто требаше да се разговара за Законот за ЈО односно за продолжување на функционирањето на СЈО во рамки на ЈО заврши без договор.

Извори од средбата брифираат дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на лидерската средба побарал амнестија за најмалку 3-ца поранешни високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Според овие извори, Мицкоски настапил со однапред разработен план во две точки: првата, кои случаи на СЈО треба да бидат опфаттени со амнестија и втората кој обивнител од ЈО тие предмети треба да ги преземе.

Согласно наведените предмети кои биле соопштени од Мицкоски, меѓу кои „Империја“, „ТНТ„ „Пропаганда“, „Талир“, „Тврдина“, и за кои предложил да бидат опфатени во амнестијата, јасно било веднаш дека станува збор за амнестија на Никола Груевски, Орце Камчев и Сашо Мијалков.

Разработениот план кој обвинител да преземе некој од овие предмети било протолкувано како јасен сигнал дека наместо правда, Мицкоски бара уривање на правната држава.

Како што брифираат нашите извори, Заев предлогот на Мицкоски веднаш го одбил.

извор:локално.мк

Back To Top