skip to Main Content

Мицкоски најави „бомба“ за наводен криминал на власта

Мицкоски најави „бомба“ за наводен криминал на власта
  • 30.04.2018

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на социјалната мрежа фејсбук најави дека во 16 часот ќе објави „бомба“ за наводен криминал на власта.

-Во една прилика соопштив дека во Македонија се случува колективен грабеж полош од транзицијата, последиците од неработењето и погрешните политики ќе се чувствуваат долго потоа. Тоа го кажав врз основа на прецизни информации кои до нас доаѓаат на дневна основа. Врвот на тоа криминално стебло доаѓа до самата врхушка на власт. Денес ќе објавам нов случај каде постои сериозен сомнеж за криминал кој се одвива на дневна основа.

– Велеа дека ќе се борат за живот за сите, една година подоцна, животот за обичниот граѓанин никако да дојде, но затоа картелот на власт енормно се богати, а единствено што оди напред е криминалот. И кога ќе Ви велат дека за Македонија се работи, всушност се гледа дека се работи за пари, ништо повеќе и ништо помалку од тоа. Следете ме денес во 16 часот“, напиша Мицкоски на фејсбук.

Back To Top