skip to Main Content

Мицкоски клекна па се правдаше од Штип: ВМРО-ДПМНЕ има став (Видео)

Мицкоски клекна па се правдаше од Штип: ВМРО-ДПМНЕ има став (Видео)
  • 16.09.2018

Во истовреме и најголемиот противник на Договорот со Грција, ВМРО ДПМНЕ одржа марш во Штип. Лидерот на опозицијата одржа говор пред присутните во кој изнесе низа обвинувања кон актуелната власт, обвинителството, но и медиумите.

Христијан Мицкоски рече дека историјата ќе покаже кој ќе чекори со наведната глава. Тој го обвини Заев за криминал, купување гласачи и за омаловажување на народот и рече дека државата има еден проблем, а тој се вика Зоран Заев. Нема обвинителството вечно да биде под притисок на власта, ќе дојде ден секој ќе одговара – рече Мицкоски.

Опозицискиот лидер нафрли и обвинувања на сметка на медиумите кои имале нејаснотии околу ставот на неговата партија и рече дека ВМРО ДПМНЕ има став: да остави на граѓаните да постапат по своја слободна волја и убедување.

Интересно е што Мицкоски зборуваше за слобода, а истовремено ги критикуваше медиумите кои известуваат слободно. Наследникот на Груевски клекна пред собраните приврзаници и рече дека лидерот не ја заслужува довербата на следбениците ако не клекне пред нив.

Back To Top