skip to Main Content

Мицкоски: Камиони на Вице, братот на Заев возат за РЕК Битола

Мицкоски: Камиони на Вице, братот на Заев возат за РЕК Битола
  • 30.04.2018

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во видео-обраќање најавено на социјалната мрежа Фејсбук, обвини дека братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, преку своја компанија работел за РЕК Битола, а за ова го повика Јавното обвинителство да истражи индиции за корупција.

Според Мицкоски, во јавноста се наметнувале теми за „колективна хипноза“, во време кога компании на власта добивале државен ангажман.

Според шемата на Мицкоски, се работи за фирмата СВ Инвест која работела како подизведувач на градежни работи во РЕК Битола, односно вршела превоз на јаглен со товарни возила со струмички регистарски таблици.

Мицкоски обвинува дека сопственик на камионите со налепници „СВ Инвест“ била компанијата ДГИ Тотал Инжинеринг Струмица во која управител и сопственик бил братот на премиерот Зоран, Вице Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ бара од ОЈО да провери по која основа фирмата на Вице Заев врши услуга чиј краен корисник е државата и зошто неговите камиони се со налепници на друга компанија.

Денешното негово обраќање не беше во својство на прес-конференција како што тоа го правеше Заев додека беше лидер на опозицијата, иако информацијата на својот Фејсбук профил ја најави слична како и Заев во минатото, со опис дека се работи за „бомба“.

 

Back To Top