skip to Main Content

Мицкоски и Заев утре на лидерска за законот за СЈО?

Мицкоски и Заев утре на лидерска за законот за СЈО?
  • 09.09.2019

Утре во 20 часот, на лидерска средба во Собранието, ќе се сретнат работните групи за законот за Јавно обвинителство кои треба да го постигнат конечниот договор за Законот за јавно обвинителство, јави Канал 5.

Можна е и тет-а-тет средба меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, извести Алсат. Според Канал 5, Мицкоски го потврдил присуството.

Од владини извори за МИА потврдиле дека лидерската средба ќе се одржи во формат еден плус четири.

На средбите се очекува да се постигне финален договор за новиот Закон за Јавно обвинителство, но и, како што изјави Мицкоски во те-ве интервју синоќа, да се отвори и прашањето за предвремени парламентарни избори.

Back To Top