skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
ДКСК: Заев не може да биде премиер и министер за финансии
Заев: Го повлекувам предлогот да бидам и министер за финансии, иако уставот и законите го дозволуваат тоа
Атанасов: Сакав да бидам министер, бидејќи во образованието се прави малку
Весел Мемеди ќе поднесе оставка од функцијата потпретседател на Собранието
Шекеринска: Северна Македонија ќе учествува на сите сензитивни дискусии во НАТО
Димитров: Бугарија и Македонија ќе најдат начин низ пријателство и почит да го решат прашањето за Гоце Делчев
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Мицкоски ги свика сите пратеници седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски ги свика сите пратеници седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
  • 11.01.2019

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски свика седница на Извршниот комитет на партијата, на која ќе разговараат за актуелната состојба поврзана со уставните измени.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во средата ја напушти собраниската седница на која се расправа за уставните измени, со образложение дека тие нема да дадат легитимитет за промената на Уставот и дека ќе го искористи своето право на демократски протест, по што со неговите сопартијци се приклучија на протестот на „Македонија блокира“.

Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев пред состанокот изјави дека е повикана целата пратеничка група. Прашан дали е можно ВМРО-ДПМНЕ да ја напушти работата во Собранието, Јанушев рече дека ќе биде преиспитано нивното идно делување во институциите.

– Ќе ја следиме состојба во текот на денешниот ден, секако и следните денови и врз основа на тоа ќе донесеме одлуки и заклучоци за нашето понатамошно делување и за што благовремено ќе биде информирана целокупната македонска јавност, рече Јанушев.

На новинарско прашање дали имаат најави дека се вршат некакви преговори со дел од нивните пратеници, Јанушев рече дека она што го знаат во моментов е оти се прават обиди на најгруб можен начин да се изигра правото, правната држава и можноста за слободно одлучување на пратениците.

-Тоа го видовме и бевме сведоци и на 19-ти октомври, приказната ни се повторува. Да почекаме, да не подлегнуваме на шпекулации и дезинформации и да видиме како ќе се одвиваат работите во текот на денешниот и следните денови, рече Јанушев.

Седницата за уставните измени во Собранието по неколку неуспешни обиди вчера е презакажана за денеска.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за Дојче Веле изјави дека не очекува други пратеници од партијата да гласаат „за“ и порача дека ВМРО-ДПМНЕ останува на претходно кажаните ставови.

Од партијата велат дека во текот на денот тие ќе одржуваат постојани состаноци на кои ќе се разговара за актуелната состојба поврзана со уставните измени.

Back To Top