skip to Main Content

Мицкоски ги прозва „своите” за евентуален неуспех – работеле за Заев

Мицкоски ги прозва „своите” за евентуален неуспех – работеле за Заев
  • 06.10.2019

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во вестите на Алфа ТВ тврди дека новите десничарски партии кои би се формирале а во нив би фигурирале личности како Митко Јанчев, Никола Тодоров и Петар Богојески се по нарачка на СДСМ и премиерот Зоран Заев.

Во интервјуто за Фактор, градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, денеска вели дека не сака да го погази или да го збуни членството, но смета дека ако партијата не се вразуми и не ја смени политиката и реториката, се остава простор да се формира нова партија, во која и тој би учествувал.

„ВМРО-ДПМНЕ е обединета. Последните резултати од претседателските избори тоа го покажуваат, но истовремено легитимна е желбата на власта, на СДСМ и на Зоран Заев да прават еден вид проблеми во рамките на опозицијата и тоа е една легитимна постапка. Така што сетоа она што би значео атомизирање и тоа било какво па дури и во рамките на некои незначителни процеси во случајов му одговара само на СДСМ и Зоран Заев, рече Мицкоски од Ресен.

Дополни дека наскоро ќе го прошири тимот од 16 стратешки соработници кои ги именува вчера а меѓу нив се најдоа Гордана Силјановска Давкова, Сашко Кедев, Игор Дурловски, Борко Ристовски и Александар Климовски.

„Тимот од 16 стратешки соработници ќе се проширува во периодот што ќе следува. Ова се врвни професионалци а она што не поврзува со тие родољуби е патриотизмот и желбата да се приклучат кон „Обновата за Македонија“. Тоа се врвни личности со голема желба, со голема мотивација, со голема посветеност прифатија да бидат мои советници.

Директно ќе бидат вклучени во изработката на визијата, стратегијата, плановите, новите политики на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а во иднина тоа ќе биде преточено во политики на идната Влада која ќе ја формираме“, наведе Мицкоски.

Back To Top