skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на Парламентот и одржување на вонредни парламентарни избори

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на Парламентот и одржување на вонредни парламентарни избори
  • 11.01.2019

Лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ се обрати од пред седиштето на партијата:

„Почитувани граѓани на Република Македонија денес ИК на ВМРО-ДПМНЕ заедно со пратеничката група беше во постојано заседавање и ги донесе заклучоците кои ги изразуваат нашите политички ставовие.

Прво ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржува промената на ставот со цел промена на уставното име на Република Македонија, промена на идентитетот, културата и историјата и тој став е конзистентен и се темели на партиската идеологија, програма, резолуции,акти, документи и на одлуката на народот потврдена на рефенрендумите

Второ ВМРО-ДПМНЕ смета дека промената на уставот со цел промена на уставното име и идентитетот и историјата, културата и обраозванието се направи на противуставен, противзаконски, нелегитимен и насилен начин, по пат на притисоци, закани и пазарење. За нас за историјата но и за иднината е значајно што одлуката за промена на името, идентитетот, културата и обраозванието и историјата е одлука на 81 пратеник, но не е одлука на македонските граѓани. Со вакавата одлука се суспендира волјата на граѓаните и самиот начин и постапките до кои се дојде до сето ова претставуваат чин на предавство.

Трето со договорот од преспа се нанесува штета врз самата македонска држава и македонските граѓани врз минатите, сегашната и идната генерација. ВМРО ДПМНЕ во иднина ќе стори се што е во негова моќ оваа неправда да е исправена.

Четврто, денес се покажа дека Македонија со Заев губи и доколку овие луѓе од СДСМ на Заев останат на власт, Македонија ќе продолжи да губи и на ова и на сите други полиња и во политиката и економијата и општествотото секаде. Затоа ова мора да престане, да се промени а ќе се промени само доколку овие луѓе си заминат од власт.

Токму поради ова а врз основа на горекажаното ВМРО-ДПМНЕ бара распуштање на парламентот и одржување на вонредни парламентарни избори заедно со претседателските . на овие избори ВМРО ДПМНЕ ќе победи и така волјата на мнозинството ќе биде испочитувана. Почитувани сограѓани народот вие давате и земате власт, затоа избори се потребни на кои Заев ќе падне, а Македонија ќе победи, избори на кои народот ке може да каже каже каква Македонија сака, северна на Заев во црнила заасрамена или Македонија на народот, горда напредна и почитувана. Овие црнила на Заев ќе бидат поразени на тие избори а Македонија ќе победи и зората ќе огрее“, рече Мицкоски.

Back To Top