Митко Јанчев гостин на трибина организирана од СДСМ

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев беше гостин на вечерашната трибина на владејачката СДСМ во неговиот град. На трибината со наслов „На прав пат“ Јанчев седеше во првиот ред.
Во Домот на на културата ,,Иван Мазов Климе” се обратија потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, членот на ЦО на СДСМ, Трајан Димковски и заменик премиер за економски прашања Кочо Анѓушев.
Спасовски го поздрави Јанчев и рече дека се надева дека граѓаните ќе го следат неговиот пример и ќе се приклучат на „вистинскиот пат“, ако не повеќе, да ги слушнат нивните ставови и мислења.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.