skip to Main Content

Митко Чавков и Никола Груевски биле меѓу организаторите за 27 април!

Митко Чавков и Никола Груевски биле меѓу организаторите за 27 април!
  • 31.01.2019

Обвинителката Вилма Русковска, на завршните зборови на судењето за собраниските инциденти, презентирајќи ги доказите против обвинетиот Митко Чавков, рече дека заштитниот сведок во судница кажал дека обвинетиот Јане Ченто со обвинетиот Александар Василевски нинџа му биле лути на Чавков бидејќи ги организирал заедно со Никола Груевски.

Името на поранешниот премиер првпат јавно се поврзува со собраниските инциденти од 27 април 2017 година. Бил споменат од распитот на загрозениот сведок кога јавноста беше отстранета.

За големиот предмет од 27 април се обвинети 17 лица: Митко Чавков, Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Аљими, Игор Дурловски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Влатко Трајкоски, Вилијам Михајловски, Никола Митревски Кољо и Александар Василевски Нинџа, а на товар им се става кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста

Игор Стефановски

Back To Top