skip to Main Content

Мирна зима за студентите – Владата одвои финансии за режиските трошоци на државниот студентски центар

Мирна зима за студентите – Владата одвои финансии за режиските трошоци на државниот студентски центар
  • 12.10.2018

Првпат по долги години, студентите ќе ја дочекаат зимата без страв дека ќе останат без струја, парно или вода поради неплатени сметки – државниот студентски центар „Скопје” добива 79 милиони денари од државниот буџет, како што одлучи Владата на РМ на последната седница. Ова е втор износ наменет за целосно покривање на режиските трошоци пред зимскиот период.

Ваквата одлука јасно ги потврдува приоритети на Владата и новото раководство на студентскиот центар.

Новото раководство на Државниот студентски дом „Скопје”, на чело со директорот Дарио Николовски, наследи долг од речиси 5 милиони евра и студентски домови кои не нудат основни услови за живот и развој на младите.

Ова е директна последица на 11 годишно недомаќинско и неодговорно работење на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, кои нанесоа огромни штети врз квалитетот на животот на секој студент во Скопје.

-Наша заложба е да ги излвечеме студентските домови од тешката и страшна ситуација во која ги најдовме. Со помош на Министерството за образование и наука за само два месеци по моето назначување, долгот на домовите го намаливме за 36 милиони денари. Ова е второ намалување, во износ од 79 милиони денари. За мене и за оваа Влада студентите секогаш ќе бидат приоритет. Токму тие се иднината на оваа држава. – изјави Николовски.

Back To Top