skip to Main Content

Миркошки: Прифаќајки бегалец, унгарската Влада се откажа од политиката за азил

Миркошки: Прифаќајки бегалец, унгарската Влада се откажа од политиката за азил
  • 19.11.2018

Опозицијата во  Националниот парламент Унгарија ја доведе во прашање политиката на азил на власта поради аферата со бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски кој се бара со меѓународна потерница заради издржување на двегодишната затворска казна.

-Унгарската Влада се откажа од политиката за азил, прифаќајки бегалец, обвинува Адам Миркошки од опозициското движење за подобра Унгарија – Јобик, кое е втора политичка сила во Парламетот, објави „Index.hu“.

Тој воедно прашува и каква улога имале унгарските власти во однос на преминувањето на границите, како и кое министерство, кој и по чија наредба било постапувано во случајот со Груевски.

Државниот секретар во канцеларијата на премиерот Виктор Орбан, Балаж Орбан, пак, одговори дека поранешниот македонски премиер Груевски поднел барање за азил, без да наведе во која земја го доставил барањето и дека унагрските власти не биле инволвирани во неговото бегство од Македонија, а барањето било прифатено за разгледување од „безбедносни причини“.

Тој побарал од опозицијата да престане со „кампањата на дезинформирање“ во врска со случајот, особено со прашањата зошто Груевски не се наоѓа во транзитната зона.

– Правилата на граничните процедури не мора да бидат применети на лица со посебен третман, вели Балаж Орбан.

Со тоа, според унгарските медиуми се потврдува специјалниот третман кој го има Груевски од властите, кои велат дека тоа му е овозможено затоа што бил премиер 10 години.

Back To Top