skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Министерство за здравство: Со новиот клинички центар висококвалитетна здравствена заштита

Министерство за здравство: Со новиот клинички центар висококвалитетна здравствена заштита
  • 04.06.2019

Со изградбата на новиот Универзитетски клинички центар, здравствените работници ќе имаат подобрени услови за работа, младите идни колеги подобрени услови за образование, а сите заедно ќе добиеме висококвалитетна здравствена заштита и нега по најнови светски стандарди.

Тоа го соопшти денеска Министерството за здравство по вчерашната одлука на Владата со којашто се овозможи да почнат активностите за катастарско-урбанистичките работи на парцелата наменета за изградба на новиот клинички центар на утврдената локација во општина Ѓорче Петров.

На седницата  беше разгледана и усвоена информацијата и одлуката за давање согласност за трајна пренамена на земјоделско во градежно земјиште за изработка на Урбанистички план вон населено место „ВЕЛЕ ПОЛЕ“, за изградба на објекти со намена А-времено домување, Б-комерцијални и деловни намени, В-јавни институции, Д-зеленило и рекреација и Е-инфраструктура, КО Кучково, КО Волково, КО Ѓ.Петров 1 и КО Ѓорче Петров 3, Општина Ѓорче Петров.

-Меѓуинституционалната и меѓуресорската соработка е важен сегмент во спроведување на проект од вакво значење кој е од интерес на сите граѓани на нашата држава. Колегите од повеќе институции активно работат на претходните работи за подготовка на реализацијата на проектот за изградба на нов Универзитетски клинички центар и покажаа дека заеднички можат да се постигнат резултати за исклучително кратки рокови, се вели во соопштението.

Приоритет на Министерството за здравство, посочуваат од оваа институција, е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем на здравствена заштита, со што значително ќе се подигнат стандардите за лекување и третман на пациентите.

Back To Top