skip to Main Content

Министерот Димитров во Париз, Брисел и Берлин

Министерот Димитров во Париз, Брисел и Берлин
  • 10.09.2019

Министерот за надворешни работи Никола Димитров во Париз се сретна со Амели де Моншален, државен секретар во Министерството за Европа и надворешни работи, задолжена за европски прашања и со Клеман Бон, советник за Европа во Кабинетот на претседателот Емануел Макрон.

Во разговорите, како што соопштуваат од Министерството за надворешни работи, разгледани се аспектите од билатералната соработка, како и заедничките стратешки определби за европска и евроатлантска интеграција на Северна Македонија и Регионот.

По работната посета на Париз, министерот Димитров денеска и утре ќе престојува во Брисел, а потоа и во дводневна посета на Берлин.

Back To Top